СКОПЈЕ, 09.05.2011



СКОПЈЕ, 09.05.2011

НАСОКИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА

Демократскиот Сојуз на престојните предвремени парламентарни избори ( закажани за 5.06.2011 година), ќе настапи заедно со ВМРО-ДПМНЕ, како и со другите партии кои ќе бидат дел од Коалицијата.

Согласно програмските определби на ДС, како и Одлуката на Централниот Совет на ДС, донесена на седницата одржана на 12.03.2011 година, неопходна е мобилизација на сите креативни потенцијали на партијата, со цел Коалицијата “ За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да освои мнозинство во Парламентот, неопходно за продолжување на реформите, добивање покана за полноправно членство во НАТО, започнување на пристапните преговори со ЕУ, како и обезбедување подобар живот за сите граѓани.

Демократскиот сојуз во кампањата ќе ги вклучи сите свои капацитети.

Во рамките на Коалицијата “ За подобра Македонија” формиран е Централен Изборен Штаб ( со истиот раководи Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер ), потоа за секоја изборна единица има Регионални Изборни Штабови, како и во сите општини има Општински Изборни Штабови и на локално ниво, Месни Изборни Штабови.

ДС формира Централен Изборен Штаб со кој раководи Зоран Петров (тел:070/ 327-096), негов заменик е Русе Соколов (тел: 070/330-406 ). Покрај ЦИШ, формирани се и следните сектори:

  1. Сектор за финансии, со кој раководи Тони Трајанов.
  2. Сектор за координација и логистика, со кој раководи Панче Стојановски.
  3. Центар за комуникација, аналитика и маркетинг, со кој раководи Драгана Букилица.
  4. Сектор за правни работи, со кој раководи Бранка Георгиевска.
  5. Сектор за безбедност, со кој раководи Дејан Наумовски.

Секретар на Штабот е Вилма Петковска, а портпароли се Драгана Букилица и Весна Стоименовска.

На локално ниво да се формираат Општински Изборни Штабови ( со нив најдобро е да раководат претседателите на ОО ), при што општините каде што немаме простории да изнајмат за еден месец ( до 6 јуни 2011 ), а трошоците ќе ги сноси Централата на ДС ( до 100 евра ), доколку не сте во можност да ги обезбедите Вие.

ДС треба да остварува континуирана соработка со штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, да се вклучи во изборната кампања, преку учество на митинзи, трибини, средби со граѓаните, одржување на прес конференции, учество во локалните радио и ТВ станици, запознавање на граѓаните со Изборната програма на Коалицијата, како и со Програмските цели на ДС, потоа делење на флаери, одење од куќа на куќа, од човек на човек и низ други форми, се со цел нашите членови, симпатизери на ДС и граѓаните, да се поттикнат да излезат на гласање и да гласаат за кандидатите на Коалицијата.

Слоганот на ДС е НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, за ПОДОБРА ИДНИНА.

Носители на листи по изборни единици се:

  • ИЕ - 1: Никола Груевски
  • ИЕ - 2: Гордана Јанкуловска
  • ИЕ - 3: Влатко Ѓорчев
  • ИЕ - 4: Зоран Ставревски
  • ИЕ - 5: Антонио Милошевски
  • ИЕ - 6 : Никола Тодоров

Демократскиот сојуз на кандидатските листи за пратеници ќе биде застапен со еден кандидат, Павле Трајанов во ИЕ-4, на место број 4.

Посебно ја нагласуваме неопходноста, со сите наши членови да разговарате и да ги поттикнете да излезат и да гласаат за кандидатите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателствата на ДС во општините да подготват список на членовите на ДС со точни адреси и телефони и истите во директна комуникација, преку телефон или е-мејл, да ги потсетат за потребата да излезат и да гласаат за кандидатите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Централниот Изборен Штаб на ДС, ќе се подготви пропаганден материјал, кој навремено ќе биде дистрибуиран ( знамиња, маици, капи и други обележја на ДС ).

Централниот Изборен Штаб на ДС, навреме ќе ве информира за митинзите, трибините и средбите со граѓаните, на кои треба да земете масовно учество.

Предизборната и изборната кампања треба да се искористат и за кадровско зајакнување на ДС, преку прием на нови членови во редовите на ДС, формирање на месни организации, како и за евидентирање на можни кандидати во извршната власт.

Демократски сојуз

partners partners partners partners partners partners