СКОПЈЕ, 18.12.2011 ГОДИНА



СКОПЈЕ, 18.12.2011 ГОДИНА

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА „ШТО ПО ПРЕСУДАТА ОД ХАГ“

Демократскиот сојуз оценува дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, претставува одраз на почитување на меѓународните стандарди и на највисоките цивилизациски и демократски принципи, како и силна манифестација на владеењето на правото во меѓународните и меѓудржавните односи. По темелната и сеопфатна анализа на содржината на пресудата, како и по консултации со домашни и странски експерти, Демократскиот сојуз како посебни битни ги издвојува следниве заклучоци: Со пресудата на Меѓународниот суд на правдата недвосмислено е потврдено дека Република Грција ја прекршила Времената спогодба склучена со Република Македонија на 13 септември 1995 година, ставајќи вето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата одржан на почетокот на април 2008 година во Букурешт.

Со оваа пресуда се потврдува дека Република Македонија се придржувала кон Времената спогодба и со ниту еден акт или дејство не предизвикала повод за ветото кое Грција го стави на полноправното членство на Македонија во НАТО.

Република Македонија има право да го користи своето уставно име во комуникација со другите држави и меѓународни организации.

Демократскиот сојуз смета Република Македонија мора да преземе широка дипломатска активност со цел државата да добие покана за членство во НАТО и почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Во оваа насока, Демократскиот сојуз предлага две можни опции:

Република Македонија да иницира директни разговори со Република Грција, во рамките на процесот што се води под покровителство на ООН, со цел да се дојде до компромисно решение со кое нема да се загрозува нашиот национален идентитет и јазик.

Демократскиот сојуз преземајќи дел од одговорноста, ја реафирмира Стратегијата за фазно решавање на спорот со Република Грција.

Република Македонија да ги информира ЕУ и НАТО дека се согласува да биде примена под привремената референца во Алијансата и да ги започне пристапните преговори со ЕУ, со јасна најава и определба дека ќе продолжат разговорите со Грција се’ до изнаоѓање компромис прифатлив за двете држави.

ДРЖАВНО-ПОЛИТИЧКИ СОВЕТ

За Демократскиот сојуз е од исклучителна важност да се деблокираат процесите за асоцирање во европските и евро-атлантските организации (ЕУ и НАТО), поради што предлага во Република Македонија да се формира ДРЖАВНО-ПОЛИТИЧКИ СОВЕТ составен од претставници на сите политички партии и државниот врв ( претседател на државата, претседател на Парламентот и претседател на Владата ), како и претседателот на МАНУ и поглаварите на верските заедници, на кој ќе се разговара за стратешки прашања од национален интерес и ќе се градат заеднички ставови за разрешување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија.

Павле Трајанов

partners partners partners partners partners partners