ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СИСТЕМСКИ И КОРЕНИТИ РЕФОРМИ

02.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СИСТЕМСКИ И КОРЕНИТИ РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи, се со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност, како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.

Реформите во правосудниот систем, администрацијата и службите за безбедност, треба да резултираат со независно и одговорно судство, мала и високо професионална администрација и тајни служби како гарант на безбедноста и заштита на човековите права и слободи.

Во оваа насока вклученоста на опозицијата во реформските процеси  треба да резултира и со посложени и комплексни промени, пред се, градење на политички консензус за намалување на вкупниот број на пратеници (на 90), намалување на бројот на министри, укинување на бројните агенции и регулаторни тела, како и намалување на администрацијата (најмалку за 30%).

Демократскиот сојуз смета дека имплементацијата на Владината програма за промени и реформи се соочува со "системски опструкции", покрај другото и поради идеолошката определеност на високо етаблираната администрација во државните институции.

Последни Активности

22.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

Во овие исклучително сложени и тешки предизвици со кои се соочуваме и како нација и држава, мораме да се сплотиме и многу поединствени и цврсти да чекориме напред.

прочитај повеќе...

19.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АБОЛИЦИЈАТА Е ПОНИШТЕНА

Демократскиот сојуз укажува на тоа дека Врховниот суд во Грција, својата одлука за одбивање на барањето за екстрадиција за Бошковски и Грујовски ја заснова на поништена одлука за аболиција.

прочитај повеќе...

03.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ

Демократскиот сојуз смета дека слободата на печатот е круцијална  за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став.

прочитај повеќе...

01.05.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БОРБАТА ЗА ПРАВА ПРОДОЛЖУВА

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита 1-ви Мај, Денот на работничката класа, кога на овој ден во Чикаго, во 1886 година, се организираа масовни демонстрации за правата на работниците.

прочитај повеќе...

28.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:КОНСЕНЗУС ЗА СТРАТЕШКИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

Силната меѓународна поддршка на Република Македонија и позитивните оценки за демократските промени,се историска шанса сите политички партии да седнат заедно на маса и да дефинираат стратегија за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Република Грција...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners