СКОПЈЕ, 24.07.2012 ГОДИНА
ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ДАРУВА КРВ
Денес, на 24 јули 2012 година, во просториите на Демократскиот сојуз во Скопје, се одржа крводарителна акција во која околу 50 активисти на партијата даруваа крв.

Акцијата се реализираше под мотото „Да спасиме живот“, а конкретниот повод за нејзиното одржување се зголемениот број сообраќајни несреќи карактеристични за летниот период, како и пожарите кои ја зафатија Македонија во последниов месец.

Крводарителната акција на Демократскиот сојуз ќе продолжи и во текот на јули и август, а ќе се реализира низ општинските организации на партијата ширум земјата.
Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, ги повика и останатите политички субјекти да се приклучат во започнатата акција „Да спасиме живот“.