СКОПЈЕ, 26.09.2012 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ
Демократскиот сојуз ги поддржува мерките кои ги презема Владата на Република Македонија во функција на создавање услови компаниите да функционираат и да обезбедат одржлив развој. Навременото сервисирање на обврските спрема компаниите, ќе овозможи растоварување на стопанството и ќе обезбеди услови за инвестирање и отворање нови работни места.
Демократскиот сојуз оценува дека економската и финансиската криза во рамките на Европската Унија, и натаму ќе има негативно влијание врз економските движења во Република Македонија.
Демократскиот сојуз смета дека со редовната исплата на субвенциите на земјоделците, како и зголемувањето на пензиите и социјалната помош, во голема мера ќе обезбеди зголемување на производството на храна, одржување на ниско ниво на цените на земјоделските производи, како и одржување на стандардот на загрозените социјални слоеви.
Демократскиот сојуз смета дека треба да се разгледаат можностите и за подобрување на стандардот на вработените во администрацијата и приватниот сектор.
Демократски сојуз