Елизабета Стефковска во учество на панел дискусија за ,,Борба против насилство врз жените"



12.07.2021

Елизабета Стефковска во учество на панел дискусија за ,,Борба против насилство врз жените"

На 06.12.2021 година во салата на советот на Општина Кисела Вода се одржа панел дискусија под наслов ,,Борба против насилство врз жените", во организација со НДИ, каде учество зазема советничката Елизабета Стефковска од Демократскиот сојуз.
Во нејзиното излагање нагласи:
Знаејќи дека секоја година 1.500 македонски жени се ново евидентирани жртви на семејно насилство, време е, свесно и гласно да говориме за нашите жени, да не трпат никаков вид на насилство!
Локалната самоупрва е таа која мора да изнајде начин и да им пружи помош, поддршка и заштита на овие жени, жени кои секојдневно се справуваат со насилство.
Тоа може да се направи со обезбедување на специјализирана помош и поддршка за жени и деца жртви на насилство да се отвори советувалиште во соработка со некоја некоја невладина организација каде ќе се обезбеди услуга од социјален работник, психолог/ психотерапевт, правна советничка и кариерна советничка. 
Услугите да бидат бесплатни и со тоа да покажеме дека сме ОПШТИНА за сите!
Поддршка и благодарност за ваквите панел дискусии и се надевам дека од ова, следно ќе биде делување во правец за доброто на сите.

 

 




partners partners partners partners partners partners