23.04.2015
ДС бара заштита за новинарите

Демократскиот сојуз најостро го осудува чинот на ставање венец пред домот на новинарот Борјан Јовановски.
Демократскиот сојуз е за слобода на говорот, како и за објективно информирање, при што инсистира обидите за притисок или закана над новинарите, докрај да се расчистуваат и носителите на ваквите нецивилизациски форми на дејствување да понесат одговорност.
Демократскиот сојуз како и досега ќе се залага медиумите да имаат еднакви услови за непречено извршување на исклучително тешката и одговорна новинарска професија.