ДС ги повикува младите да навиваат спортски

23.05.2013

ДС ги повикува младите да навиваат спортски

Демократскиот сојуз, најостро ги осудува националистичките испади на фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс и Шкендија и бара спортските клубови, фудбалската федерација, родителите, невладиниот сектор, медиумите како и политичките партии, да се вклучат во осудата и да преземат конкретни активности за надминување на ваквите вербални испади.

Повеќе од јасно е дека одредени влијателни центри,  младите навивачи, ги користат за предизвикување на расна, верска и етничка нетрпеливост и омраза, поради што инсистираме институциите соодветно да реагираат и да преземат конкретни законски мерки. 

Спортските натпревари треба да се користат за јакнење на спортскиот дух, толеранцијата и меѓусебното разбирање и почитување.

Демократскиот сојуз ги повикува младите да навиваат спортски, само така ќе придонесат за развивање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, како основа за постигнување на врвни резултати во сите области.  

partners partners partners partners partners partners