ДС: МВР да преземе најенергични мерки за инцидентот во Сингелиќ

15.11.2013

ДС: МВР да преземе најенергични мерки за инцидентот во Синѓелиќ

Демократскиот сојуз најостро го осудува вчерашниот инцидент во Синѓелиќ, во кој беа претепани осуммина средношколци.

Случајот покажува дека нападот претходно бил подготвен, и со крајна цел, покрај нанесување на физички повреди, да предизвика несигурност и револт на етничка основа.

Демократскиот сојуз инсистира МВР да преземе најенергични мерки и сторителите на овој злосторнички чин да бидат изведени пред надлежниот Суд.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, посебно родителите да влијаат врз своите деца, за тие да не предизвикуваат и учествуваат во вакви инциденти.                       

partners partners partners partners partners partners