Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираа ДУИ и СДСМ

4.4.2024

Демократски сојуз: Евроинтеграциите ги блокираа ДУИ и СДСМ

Телевизиската дебата помеѓу Мицкоски и Ковачевски, само го потврди кристално чистиот став на Демократскиот сојуз, дека евроинтегративниот процес е блокиран од ДУИ и СДСМ и одговорност за тоа мора да понесат.

СДСМ го прифати „Францускиот предлог“ подготвен во Мала Речица од страна на претставници на ДУИ и Бугарија.Тој предлог беше трансформиран во Преговарачка рамка, во која се вградени сите барања на Бугарија. Во Рамката не е предвидено македонскиот јазик да биде официјален во ЕУ по приемот на Македонија во Унијата, во Рамката се вградени и историски, образовни и идентитетски прашања, што е спротивно на Копенхашките критериуми, предвидена е и имплементација на Договорот за добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија, како и протоколите со кои Бугарија наметнува решенија со кои се негира нашата историја, јазик и идентитетскиот континуитет.

Ковачевски и Ахмети не се обидоа да обезбедат поширок граѓански и политички консензус и не водеа сметка за нашите национални, стратешки и граѓански интереси. Демократскиот сојуз е цврсто определен за ЕУ, но и за коренити реформи во многу области, како и за Влада растеретена од  корупција и клиентелизам, Влада која ќе воспостави ред во државата и ќе отвори перспективи за младите.

Инаку, дебатата во основа беше на ниво и добра можност граѓаните да ги видат разликите и да поддржат промени.

partners partners partners partners partners partners