Демократски сојуз: Повик на разум

20.06.2016

Демократски сојуз: Повик на разум

Демократскиот сојуз смета дека денешната расправа за состојбите во Македонија на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, само ги потврди определбите на демократската јавност во Македонија, дека треба да преовлада разумот и најитно да се формира Експертска Влада, која ќе спроведе реформи во судството, безбедноста и медиумите, а СЈО треба да работи транспарентно и со подршка на сите институции.

Затоа, Демократскиот сојуз,  повикува лидерите на партиите кои учествуваат на преговорите, да го прошират преговарачкиот формат и транспарентно пред македонската јавност, најитно да се постигне договор за излез од кризата, при што неопходно е да се дефенират реформи со кои ќе се создадат неопходни предуслови за избори.

Граѓаните мирно протестираат и бараат нивните ставови да бидат дел од решенијата и никој нема право во нивно име да преговара за иднината на  државата, туку неопходно е и нивно вклучување.

ДС повикува на масовни и мирни протести, без насилство и избегнување на провокации.

Протестите не се залудни, тие ќе резултираат со демократија, промени и одговорност.

 

partners partners partners partners partners partners