Демократски сојуз: Промена на изборниот модел

18.09.2019

Демократски сојуз: Промена на изборниот модел

Демократскиот сојуз подготви Предлог на Закон за промена на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица.

Пропорционален изборен модел со тоа што Македонија ќе биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт и конечно ќе се демонтира "еднопартискиот систем", каде лидерот на владејачката партија и воедно  премиерот одлучува за се.

Инаку заговарањето за враќање на мнозинскиот модел значи враќање на насилството на улиците.

Вечерва (19,00 часот), Претседателството на ДС се очекува да го утврди текстот на Законот, а во текот на утрешниот ден ќе го достави до Парламентот.

partners partners partners partners partners partners