Демократски сојуз: Собранието треба да продолжи да работи

17.05.2016

Демократски сојуз: Собранието треба да продолжи да работи

Демократскиот сојуз, врз основа на стручната анализа и компаративните искуства, оценува дека Одлуката за самораспуштање на Собранието (донесена на 23.02.2016), со одложена примена, ė спротивна на Уставот, здравиот разум и правната логика.

Закажаниот датум, 5  јуни 2016 година, е ништовен и на тој ден не може да се одржат избори.

Факт е дека на 23 февруари, Собранието, донесе одлука за самораспуштање, при што согласно Уставот (член 63 став 3), изборите требаше да се одржат во рок од 60 дена односно најдоцна до 23 април 2016 година.

Собранието продолжи да работи и после 23 април, и изборите не се одржаа во рокот предвиден со Устав. Поради тоа, сосема е логично дека, 5 јуни е датум кога не може да се одржат избори и затоа треба да се свика седница на Собранието и формално да се поништи решението на претседателот на Собранието на Република Македонија за одржување на вонредни парламентарни избори.

Демократскиот сојуз, во целост ги прифаќа издвоените мислења на тројцата судии на Уставниот суд (Наташа Габер – Дамјановска, Сали Мурати и Исмаил Дарлишта), кои ги прифатија аргументите на ДС, дека Одлуката за самораспуштање на Собранието со одложено дејство е спротивна на Уставот и дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата на ДС за оценување на Уставноста и по неа да донесе Одлука.

Од тука ДС смета дека има многу правни аргумент, Уставниот суд, на утрешната седница, да ја поништи Одлуката за самораспуштање на Собранието, со одложена примен, и истото да продолжи со работа.

ДС и натаму смета дека Собранието може да заседава и за тоа нема ниту Уставни, ниту Деловнички пречки.

partners partners partners partners partners partners