ДС: Честитки за Денот на независноста на Република Македонија

08.09.2015

ДС: Честитки за Денот на независноста на Република Македонија

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

На денешен ден, пред 24 години, македонците, албанците, турците, србите, ромите, власите, бошњаците и сите други граѓани, на референдум се изјаснија за независна, самостојна и суверена Македонија.

Овој ден сите нас не потсетува и силно врзува, да ја чуваме нашата татковина, како завет од генерациите кои дадоа многу жртви за ние и следните генерации да живееме во слободна и демократска држава.

partners partners partners partners partners partners