08.04.2015
ДС: Честитки за Меѓународниот ден на ромите

Демократски сојуз на сите припадници на ромската заедница им го честита, 8-ми април, Меѓународниот ден на ромите.
Ромите претставуваат значаен фактор за стабилноста и севкупниот развој на Република Македонија и само тие можат да се изборат да се подигне свеста за проблемите коишто ги засегаат и да имаат уште поголема улога во општествените процеси, посебно во областа на образованието, вработувањата, социјалниот развој и сл.
Демократскиот сојуз денес и секој ден се залага сите луѓе без разлика на нивната етничка припадност, националност или вероисповед да можат целосно да ги искористат нивните потенцијали и да го достигнат максимумот на својот интелектуален и емоционален развој.