Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Масовни и мирни протести

20.06.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Масовни и мирни протести

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА смета дека крајно време е да се стави крај на политичката криза и да се нормализираат состојбите, се со цел да се создадат услови за владеење на правото и правдата.

Целокупниот државен апарат вклучително и судовите се ставени во функција на заштита на државно политичкиот врв. Реформи не се спроведуваат и не се работи на создавање основни предуслови за одржување на фер и слободни избори.

Најавите за немири од страна на власта, држењето во неизвесност и нападите на СЈО, како и силната манипулативна провладина медиумска кампања, покажува во каков кошмар е Република Македонија.

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА бара итен договор за излез од кризата и формирање на Реформска - експертска Влада.

Ги повикуваме граѓаните на масовни и мирни протести, за да ги забрзаме позитивните процеси за излез од кризата и да ја подржиме работата на СЈО.

Воедно апелираме на достоинствено однесување, без провокации и насилство, а евентуалните обиди за инсценирање судири да се избегнуваат.

partners partners partners partners partners partners