Тема на денот со Павле Трајанов, претседателот на ДС

20.01.2024

Тема на денот со Павле Трајанов, претседателот на ДС

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, гостуваше во „Тема на денот“ на дневникот на ТВ Сител каде зборуваше за претстојните избори во земјава.

Демократскиот сојуз нема да гласа за техничката влада, а смета дека ниту опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која согласно законот треба да номинира свои членови за технички министри во таа влада, нема обврска да гласа за неа, вели претседателот на партијата Павле Трајанов.

-Согласно Законот за Влада ВМРО-ДПМНЕ треба да партиципира со свои кандидати за министри за внатрешни работи и за труд и социјална работа и тројца заменици. На парламентарното мнозинство е, бидејќи презеле обврска, да избере техничка влада и технички премиер и прифатија тоа да биде Талат Џафери, за кој што има многу реакции и несогласувања. Парламентарното мнозинство треба да си обезбеди 61 пратеник и да изгласа техничката влада, не е обврска на другите партии, уште помалку на опозицијата задолжително да гласа. Дали ќе гласаат или не тоа ќе се види на самиот ден на гласањето“, вели Трајанов во гостувањето на „Тема на денот“ на ТВ Сител.

partners partners partners partners partners partners