Трајанов: Нема оправдување СДСМ да бара или да се сложи за одложување на изборитe!

13.10.2016

(ВИДЕО) Трајанов: Нема оправдување СДСМ да бара или да се сложи за одложување на изборите

Кружат информации за одложување на изборите на 11. декември, но тоа е врзано со рејтингот на политичките партии, вели за А1он пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

– Првенствено мислам дека ДУИ настојува по секоја цена да најде оправдување зошто треба да се одложат изборите, тоа е поради нискиот рејтинг што го има, но исто така анализите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ стагнира со рејтингот и затоа бараат начин заедно како да го изменаџираат тој процес и веројатно тие информации кружат и до СДСМ. Според мене, нема никакво оправдување СДСМ или друга опозициона партија да бара или да се сложи за одложување на изборите. Тука има еден клучен фактор што е битен, странските претставници настојуваат да има избори на 11 декември. Тој притисок најверојатно ќе продолжи, во интерес на Република Македонија, вели Трајанов.

Според него, можно е власта повторно да започне со изборни манипулации, за што опозициските партии мора да бидат внимателни.

– Треба да бидеме внимателни, ако започне процес на кршење на изборните правила, ако повторно се активираат креирани гласачи или пак, ако се купуваат гласови, затоа што партиите на власт се финансиски моќни, натаму продолжат притисоците на администрацијата, на јавните претпријатија, тоа сигурно може да создаде амбиент кој нема да резултира со кредибилни избори и дека тогаш можно е повторно да не бидат изборите признаени и кризата да продолжи, вели Трајанов.

Доколку Уставниот суд го укине Специјалното јавно обвинителство, тоа ќе биде крупна грешка, по што ќе има многу турбуленции со последици на вкупниот амбиент, вели Трајанов.

– Имаше веќе најави дека нема да се распушти Собранието на 12. октомври и сметав дека има доволно време да се одржи комисиска расправа, па потоа да се одржи пленарна седница на која што тие што сме предлагачи ќе можеме да ги презентираме сите аргументи, факти, со цел и експертската јавност да се вклучи за да се направи своевиден притисок на парламентарното мнозинство и да ги поддржат законските проемни. Со овие промени се обезбедува Јавниот обвинител да користи заштитени сведоци без да се шири кругот на лицата кои ќе бидат информирани за идентитетот на заштитениот сведок, второ се обезбедува 12 месеци за водење на истрага против лицата за кои води постапка Специјалното јавно обвинителство, вели Трајанов.

Извор: а1он.мк

partners partners partners partners partners partners