20.02.2013
Дали ќе се наруши етничкиот баланс во советите на општините?

Бојкотот на локалните избори од страна на СДСМ, доколку го прифатат нивните членови и симпатизери, во голема мера ќе го наруши етничкиот состав на Советот на Град Скопје и советите на повеќе општини.
Советите нема да бидат реален израз на етничкиот состав на населението. Така во Советот на Град Скопје, албанските партии сега имаат 8 советници, а доколку се бојкотираат изборите (СДСМ има 11, ЛДП 3) можно е албанските партии да имаат повеќе од 15 советници.
Тоа се можни рефлексии од одлуката на СДСМ да не учествува на изборите, се разбира доколку граѓаните ја прифатат.