Демократски сојуз: Поддршка на протестот пред Кривичниот суд

04.10.2016

Демократски сојуз: Поддршка на протестот пред Кривичниот суд

Демократскиот сојуз го поддржува мирниот протест пред Кривичниот суд во Скопје,  кој ќе се одржи утре (5.10.2016 година), со почеток во 10,45 часот со цел да се поддржи Павле Богоевски, против кој се води постапка поради учество во протестите против одлуката на Ѓорге  Иванов за аболиција на 56 лица, меѓу кои и носители на високи политички и државни функции.

Цивилизациско право е да се протестира и да се искаже став и незадоволство од одредени состојби или одлуки и заради учество во ненасилни протести никој не сме да биде суден и осуден.

partners partners partners partners partners partners