15.02.2017
Демократски сојуз: Повампирување на национализмот
Али Ахмети успеа да го разгори национализмот и екстремизмот, како подлога за конфронтации и дестабилизација на Македонија.
Платформата за целосно разрешување на албанските прашања, многу му помогна на раководството на ВМРО ДПМНЕ, да ја измести темата за одговорност на креаторите на политичката криза и да поттикне и насочи дискусија за "македонските работи".
Подготовката на "македонска платформа", најавите за блокада на работата на Парламентот и заканите со протести да се урниса државата доколку опозицијата формира Влада, се одлична можност за прогласување на вонредна (читај воена) состојба и суспензија на институциите и изборната волја на граѓаните.
Наместо да градиме ПЛAТФОРМА за правна држава, еднакви права за сите, борба против криминалот и подобар живот за сите, платформата на Али Ахмети не врати во 19-от век.
Време е за обединување на граѓаните и расчистување со популистите и пропагандистите за наводна загрозеност на Албанците или Македонците.