ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДЕН ИЗБОР

30.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЛОБОДЕН ИЗБОР

Демократскиот сојуз оценува дека, локалните избори, беа фер, демократски и пред се слободни избори.

Граѓаните  без притисоци, закани и клиентелизам, слободно се изјаснуваа за кандидатите за градоначалници и советници.

Граѓаните ги поддржаа промените, реформите и евроатланските процеси, клучни за иднината и перспективите на Република Македонија.

Изборите и победата на Коалицијата предводена од СДСМ е чиста како солза, затоа повикуваме на единство и сплотеност околу нашите стратешки, национални и државни интереси.

Наместо негирање на  определбата и волјата на мнозинството  граѓани, во интерес на сите граѓани е ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна, кооперативна  и силна опозиција на локално и централно ниво.

Времето на поделби на патриоти и предавници заврши, треба да се сврти нова страница и да се отворат перспективи за сите граѓани, без разлика на етничката, партиската и верска припадност.

Конечно треба сите да ги засукаме ракавите и да работиме, доста ни е од вонредни и предвремени избори.

Да направиме се што е неопходно за животот да се врати во нормала и започне стабилен економски развој.

 

partners partners partners partners partners partners