ДС: Консензуален кандидат за претседател


12.02.2014

ДС: За консензуален претседател одлучуваат граѓаните

Сите политички партии и групи граѓани, имаат уставна и законска можност да предлагаат кандидати за претседател на Република Македонија.

За претседател на државата треба да биде предложен кандидат со високи морални квалитети, со личен и професионален интегритет, кандидат кој ќе биде посветен на реализација на приоритетите на Република Македонија, а тоа се евроинтеграциите и полноправното членство во НАТО. Претседателот треба да води сметка за државните интереси, да ги разрешува предизвиците со кои се соочуваме и да отвора перспективи за благосостојба на сите граѓани.

Кандидатот за претседател кој ќе презентира ваква платформа, може да добие поддршка од граѓаните без разлика на етничката припадност. Кандидатот со широка поддршка од граѓаните ќе биде консензуален претседател.

Демократскиот сојуз смета дека за одржување предвремени парламентарни избори, не треба да има никакви условувања (бојкот на претседателските избори и сл.), ниту пак, создавање вештачка или контролирана нестабилност, туку многу почесно е да се постигне меѓупартиски договор (партиите од власта и опозицијата) за одржување парламентарни заедно со претседателските избори.

Поттикнувањето на меѓуетнички конфликти и социјални немири, може да ја дестабилизира државата и да го блокира нејзиниот економски и демократски развој, како и нашите евроатлантски перспективи.

partners partners partners partners partners partners