12.03.2014
ДС потпиша Декларација за осуда на говорот на омраза и дискриминаторскиот говор

Денес (12.03.2014година), Демократскиот сојуз ја потпиша Декларацијата за осуда на говорот на омраза и дискриминаторски говор кон жените и другите маргинализирани заедници, предложена од Хелсиншкиот комитет и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Демократскиот сојуз во изборната програма посебно ја нагласува потребата од почитување на различноста во поглед на верската, националната, политичката, родовата или друга припадност.