15.05.2014
ДС: Пратеник може да поднесе оставка само лично, на седница на Собранието

Во врска со поднесените оставки од пратеникот и кандидатите за пратеници од НДП, Демократскиот сојуз смета дека истите се во спротивност на член 65 став 2 од Уставот на Република Македонија.
Имено не е спорна уставната, законската и деловничката можност, пратеник на кој му е верифициран мандатот, да поднесе оставка, но тоа мора да го направи на седница на Собранието и оставката мора да ја поднесе лично, односно мора да биде присутен на седницата на Собранието на Република Македонија.
Само на овој начин се гарантира интегритетот на пратеникот и нема друга можност да му престане мандатот.
Досегашната пракса на „писмени оставки“ треба да се надмине и целосно и безусловно да се почитува Уставот на Република Македонија.
Собранието е законодавен дом и не се можни импровизации туку доследно почитување на уставните и законските определби.