25.03.2015
ДС предлага една изборна единица

Денес Демократскиот сојуз достави Проект за промена на изборниот модел до сите политички партии.
Со Проектот се предлага пропорционален модел, со отворени листи и без изборен праг.
Се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со што во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните.
Тука погледнете го Проектот за реформа на изборниот модел „Една изборна единица како најдемократско решение“.