11.12.2016
Изјава за медиумите на Павле Трајанов, ПЕСТАЛОЦИ, 13:00 часот

Денес граѓаните на Република Македонија, референдумски се изјаснуваат за промени, правда и стабилност.
Целосно сме посветени денес да завршат изборите без да се кршат изборните правила, резултатите да бидат одраз на волјата на граѓаните и никој да не се обиде да ја поништи таа граѓанска определба.
Граѓаните сакаат мир, сплотеност и единство.
Од утре натаму сите заедно треба да ги засукаме ракавите и да започнеме со рабoта, реформи и враќање на нормално одвивање на животот.
Сите партии да изградиме консензус околу три стратешки работи:
-Договор за помирување и да престанат внатрешни поделби.
-Слободна- пазарна економија
-Влез во НАТО и ЕУ, промени со силно темпо, одговорно владеење и расчистување со организираниот криминал.
Очекуваме голема излезеност и поддршка од граѓаните за реализација на Изборната програма.