29.11.2016
Коалиција за Промени и Правда: Гасификација за да ги сочуваме шумите

Коалицијата за Промени и Правда денес беше во посета на граѓаните од Пржино, Црниче и населби од Кисела Вода, каде Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица во Скопје, разговараше со граѓаните кои искажаа бројни идеи за излез од тешката криза во која е Република Македонија, со идентично барање, мора да дојде до промена на власта, како битен предуслов за стабилизација на состојбите, владеење на правото и економски развој.
Павле Трајанов во разговорите нагласи дека: “Режимот можеме сите заедно да го срушиме на 11 Декември. Не се плашете, гласањето е тајно, излезете и гласајте за промени и правда”.
На прес конференцијата, Павле Трајанов, презентираше дел од приоритетите од изборната програма:
Утре е ден на дрвото, идеја која беше за доброто на сите, но откако наместо Борис Трајанов, Бубо Каров и други активисти кои ја промовираа оваа акција, власта насилно ја презеде, ја узурпира, исполитизира и криминализира. Ефектите од потрошените над 60 милиони евра се поразителни. Многу се украде, а малку зеленило имаме.
Имаме план за гасификација и зачувување на зеленилото во Македонија.
Коалицијата за Промени и Правда е за системски промени, со кои првостепена ќе биде одговорноста на премиерот и министрите. “Имунолошкиот систем” мора по автоматизам да функционира доколку се крши Уставот и законите, како што беше злоупотребата на системите за прислушување, кршењето на изборните правила и грабежот на народот
Цврсто сме определени да го демонтираме овој “еднопартиски”, олигархиски и криминален систем.
Никогаш повеќе нема да дозволиме една партија и еден човек, да ја узурпира извршната, законодавната и судската власт, да граба од народот и да се надева дека со избори ќе го покрие криминалот.
Ќе има промени во изборниот модел, Македонија ќе биде една изборна единица, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, преку отворени листи.
Ќе го намалиме бројот на пратеници, од 123 на 90, а бројот на министри ќе го намалиме за 50%, ќе ги редуцираме бројните агенции, регулаторни тела и други непродуктивно - паразитски институции.
Објавуваме, дека после 11 Декември, ќе водиме жестока “војна” против криминалот. Криминално стекнатиот капитал ( над 6 милијарди евра ) ќе се конфискува и парите ќе ги вратиме на народот, на граѓаните, а тие што ја злоупотребиле власта, нема да можат 10 години да бидат функционери.
Имаме најдобра економска програма,подготвена од експерти, стопанственици и од граѓанскиот сектор.
Предвидуваме исти бизнис услови за странски и домашни компании, отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од 3 – 5 млади и креативни кадри.
Македонија во следниот четиригодишен период ќе биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, без да се менува Уставното име, или загрози нашиот национален идентитет.
Имаме решение и за многу други работи:
Предлагаме работното време да почнува во 07:00 часот, само 100 денари судска такса за остварување на права пред судовите, намалување за две третини на паричните казни, укинување на радиодифузната такса, МРТВ да прерасне во силен информативен сервис, како и воведување на позорната служба заради поголема безбедност на граѓаните.
Павле Трајанов, ги повикува граѓаните да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, која го има одличниот број 5, Коалиција која ќе обезбеди стабилност, сплотеност и единство.