24.11.2016
Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Промените започнуваат од истокот
.jpg)
Регионалниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократски сојуз, денес престојуваше во Кочани, каде Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3, разговараше со граѓаните и ја презентираше Изборната програма на Коалицијата за Промени и Правда.
На прес – конференцијата за медиумите Весна Стоименовска им порача на жителите од овој регион промените ќе започнат токму од истокот, така било од памтивек, така и ќе биде.
Во својата презентација на програмата таа го нагласи следното:
Граѓаните велат младите ни заминуваат, производството на ориз не се исплати, нема вработувања. Неофицијалната бројка е дека над 60.000 млади и работоспособни се иселиле од овој крај . Градовите од истокот се преполовени по број на жители. Тие не ги изнесоа само парите туку ги избркаа и младите.
Но, порачуваме ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните, а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2% од Буџетот на РМ.
Како мерка за борба против сиромаштијата и одговор на зголемените животни трошоци ќе ја зголемиме минималната плата на 300 евра, за што предвидуваме поддршка од Буџетот, пари кои ќе ги обезбедиме преку силни антикорупциски мерки, кратење на непродуктивните трошоци и укинување на репрезентација на функционерите.
Како одговор на невработеноста, ќе се фокусираме на реална и максимална поддршка на отварање на мали и средни претпријатија со 3-5 вработени.
За брендот на Кочани, Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3 на оризопроизводителите им порача: - ќе обезбедиме реална откупна цена за рентабилно производство и сигурен пласман, сите знаеме за злоупотребата на субвенциите во земјоделството. Е тоа ќе се промени! Не може држава со сите можности за земјоделски развој да увезува храна, а поради нерационалната владина политика, големи земјоделски површини да останат необработени.
Субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат навремено, но само на вистинските земјоделци. Кочани повторно ќе живне!
Не се плашете режимот ќе падне, гласајте за Промени и правда.