23.11.2016
Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: СКОПЈАНИ СЕ ЗА ПРОМЕНИ

Павле Трајанов, носител на листата за пратеници во изборната единица во Скопје, денес во повеќе населби во Скопје, разговараше со граѓаните, при што граѓаните искажаа бројни идеи, сугестии за излез од кризата, но и на проблемите карактеристични за Скопјани.
Сообраќајниот метеж, загаденоста на воздухот, невработеноста и иселувањето на младите во странство, како и загрозеноста на имотот се дел од укажувањата на граѓаните.
Пред граѓаните, но и на прес конференцијата, Павле Трајанов, нагласи дека за излез од кризата се неопходни промени, кои подразбираат промена на власта и одговорност за креаторите на кризата, газењето на правата на граѓаните и грабежот што го направи корумпираната и авторитарна власт.
"Еднакви услови за бизнис на домашни и странски компании, поддршка на компании кои градат фабрики и најниска плата од 300 евра", рече Трајанов.
За отворање на бизнис од страна на младите предвидуваме 2% од Буџетот и 800 милиони евра за развој.
Објавуваме "војна против криминалот" со што ќе се спречи грабежот и ќе има пари за инвестиции и развој. Повеќе пари за образование, здравствена заштита, но и за гасификација, изградба на надвозници и подвозници во Скопје и сл.

Јове Кекеновски, носител на листата за пратеници од втората изборна единица, посочи дека е за промени и за изградба на држава каде граѓаните ќе имаат еднакви шанси и законите ќе важат подеднакво за сите.
Емил Анастасов, кандидат за пратеник , се заложи за промени и владеење на правото, за да се промени реалноста: колачот да го делат сите, а не да имаме 98% сиромашни и 2% богаташи и олигарси.