Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Средба со граѓани во Ѓорче Петров

04.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Средба со граѓани во Ѓорче Петров


Денес, во Ѓорче Петров, Павле Трајанов, носител на листата за пратеници во првата изборна единица, на прес конференцијата се обрати до припадниците на полицијата „Загрозена е стабилниста на државата, со изборите владејачките партии се обидуваат да го прикријат криминалот, злоупотребата на системите за прислушкување и фалсификување на волјата на граѓаните".

Во 91/92 заедно спасивме 12.000 млади регрути да заминат на туѓ фронт, ги обезбедивме границите, остваривме ефективна контрола над целата територија на Македонија, ја принудивме ЈНА да си замине и несебично се вградивме во изградбата на самостојна и независна Македонија.

Сега повторно е време за храбри луѓе и храбри одлуки, затоа ве повкувам да направите се за да имаме услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Бидете со народот, бидете со нас, за после 11-ти декември да обезбедиме стабилност, за да се врати мирот и спокојството во секој дом, во секое е семејство.

Само со промена на власта ќе се отворат перспективи  за да младите останат овде во Македонија.

Граѓаните се под притисок на власта, не се чувствуват безбедни, постои  неизвесност и стравување за иднината на државата.

Секојдневно се вршат  провални кражби во станови, сериозно е загрозена личната  безбедност на граѓните и затоа ќе ги вратиме полицајците да бидат помеѓу граѓаните.

Знам дека сите заедно ќе го срушиме режимот. Ајде приклучете ни се и да ги испратиме криминалците каде што  им е место.

Се обраќам и до сите просветни работници, до професорите „Вие сте инелектуалната сила која ги образува и воспитува младите, учениците и студентите. Ве повкувам, да ни се приклучите и да го срушиме овој режим, кој секојдневно ве тероризира и Ве присилува да одите на митинзи. Колицијата за Промени и Правда е со Вас, има услови и тоа го заслужувате, да имате двојно повисоки плати, а екстерното тестирање ќе го укиниме", нагласи Павле Трајанов.

partners partners partners partners partners partners