Коалиција за Промени и Правда - Трет Блок: Кандидатските листи за пратеници доставени до ДИК

11.11.2016

Коалиција за Промени и Правда - Трет Блок:  Кандидатските листи за пратеници доставени до ДИК

Коалиција за Промени и Правда - Трет Блок (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП), до Државната изборна комисија, ги достави листите за кандидати за пратеници за 6-те изборни единици .

Во првата изборна единица носител на листата е претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата изборна единица прва на листата е Весна Стоименовска од Демократски сојуз. Четвртата изборна единица ќе ја предводи Слободан Богоевски којшто е непартиски кандидат, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро работничка партија.

На листите има кандидати за пратеници од различни професии, социјални структури, но и од повеќе етнички заедници.

Еден од носителите е жена, тоа е Весна Стоименовска, а на листите имаме вкупно 48 жени.

Сите, 120 кандидати сė чесни луѓе, способни и креативни кадри, кои доследно ќе се борат за конечно да се случат промени и правда во Република Македонија.

Во прилог ви ги доставуваме листите за пратеници за изборните единици 1,2,3,4,5 и 6.

Тука во целост можете да ја погледнете Листата на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија 11 ноември 2016

partners partners partners partners partners partners