Проширување на Општинските организации на ДС: Во Велес отворен нов штаб на партијата

17.02.2014

Проширување на Општинските организации на ДС: Во Велес отворен нов штаб на партијата

Вчера, 16.02.2014 година, Демократскиот сојуз отвори штаб на партијата во Велес, каде присуствуваа околу 80 членови и симпатизери на ДС.

На отворањето, пред присутните се обрати претседателот на ДС, Павле Трајанов, кој меѓу другото нагласи: „За Демократскиот сојуз би бил прифатлив кандидат за претседател со високи морални вредности, личен и професионален интегритет, кандидат којшто ќе работи на спроведување на приоритетите на Република Македонија, а тоа се влез во НАТО и интеграција во Европската Унија.“

Продолжувајќи во своето излагање појасни дека консензуален претседател би можел да биде само оној којшто ќе го изберат граѓаните.

Во редовите на Демократскиот сојуз во Велес се вклучени над 600 члена, кои веќе започнаа со интензивни активности околу подготовките за претстојните претседателски избори и евентуални парламентарни избори.

partners partners partners partners partners partners