Трајанов: Новите фабрики ќе ги задржат младите во Македонија

25.03.2014

Трајанов: Новите фабрики ќе ги задржат младите во Македонија

Вчера, 24.03.2014 година, Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, обраќајќи се на митингот на Коалицијата За подобра Македонија во Охрид, пред околу 50.000 присутни граѓани, рече:

„На Република Македонија и е потребен претседател со искуство, личност со силен личен и професионален интегритет. Чесен, посветен на државните интереси, трпелив и со јасени визии за иднината на Македонија. 

Со Ѓорѓе Иванов ќе продолжиме со реформите за побрз и подинамичен економски развој, за отворање на нови перспективи, за силни демократски институции, правна држава и владеење на правото, за борба против организираниот криминал и за медиуми кои ќе се борат за вистината.“

Трајанов нагласи: „Наш врвен, национален, државен и стратешки интерес се НАТО и ЕУ. На овој пат имаме блокада, но сите заедно, без да ја виткаме кичмата, оваа блокада ќе ја пробиеме.“

Трајанов ја упати и следната порака: „Промена на името на нашата држава не прифаќаме.“

partners partners partners partners partners partners