09.04.2014
Трајанов: Поставени се цврсти темели за развој на Македонија

На вчерашниот митинг во Неготино(08.04.2014година), Павле Трајанов пред присутните граѓани истакна:
„На рушевините на транзицијата, по 20 години, поставени се цврсти темели на модерна европска македонска држава.
Сплотеноста, единството и тимската работа, се гаранција за развој и просперитет.
После многу реформи, многу закони, многу промени, се создадоа услови за севкупен, но пред сè економски развој, се отвораат нови фабрики и нови работни места, се градат патишта, спортски сали, училишта...“

На митингот во Кавадарци Трајанов рече:
„Во Република Македонија се создаваат еднакви шанси и можности за сите, посебно за младите.“
Тој истакна дека е зголемена одговорноста и дека се води силна борба против криминалот.
„Во такви услови, кога функционираат институциите, кога имаме правна сигурност, можеме да планираме над 2000 нови проекти и над 60.000 нови работни места. “
На крајот од својот говор и во Неготино и во Кавадарци, Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за: стабилна Македонија, економски силна, за младите да останат во земјата.
Со 65 пратеници, „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, ќе има можност да ги менува работите без уцени и условувања.