02.04.2014
Трајанов: Развојот на помалите градови и села е врвен приоритет

На вчерашниот митинг во Радовиш, од својот роден град, Павле Трајанов порача:
„На Македонија и е потребна сплотеност, единство, посветеност и одговорност.
За Демократскиот сојуз основен принцип е правната држава и правната сигурност, за странскиот капитал да доаѓа во земјата.“
„Најважно од сè, е тоа што се отвораат перспективи за младите. Секој да има еднакви шанси да се школува, да работи и да создава во Македонија.
Развојот на помалите градови и селата е врвен приоритет. Тоа е поврзано и со вработеноста, но и со наталитетот.
Само добрата патна мрежа, ефикасна земјоделска политика, систем за образование, отворање на производствени погони и поволни станбени кредити се гаранција дека Младите ќе останат овде, во Радовиш.
Ние сакаме да живееме во стабилна и економски силна држава. Да се чувствуваме горди што сме Македонци.“