02.04.2019
Демократски сојуз: Деблокада на развојот на Македонија

Со посетата на Алексис Ципрас на Република Македонија, конечно е тргната 30 годишна блокада на евроатланските процеси на Македонија и се отвораат перспективи, посебно за младите генерации.
Цената што ја плативме со компромисот околу Преспанскиот Договор е висока, но исчекорот напред кон НАТО и ЕУ е огромен. Оваа посета е со историска димензија.
Нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција е наш македонски-стратешки и национален интерес.
Членството во ЕУ и НАТО е јакнење на државноста, демократијата и развојот, но пред се меѓународно етаблирање на суверена и самостојна Македонија.
Во овие изминати триесет години направени се многу отстапки без било какви видливи резултати.
Деблокадата од Грција и поддршката што ја имаме од многу држави, без сомнение е историски чин и победа на граѓаните на Македонија против манипулативната, ретроградна и лажна националистичка политика.