ДС: Државните интереси се приоритет

11.06.2015

ДС: Државните интереси се приоритет



После колапсот на преговорите во Брисел, помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со посредство на комесарот Јоханес Хан, Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување и водење сметка за државните и интересите на граѓаните.

ДС повикува на продолжување на политичкиот дијалог, со цел да се дефинира платформа за излез од длабоката политичка криза која ја загрозува стабилноста на државата, економскиот развој, владеење на правото и евро-атланските процеси.

Демократскиот сојуз предлага:

Прво, вклучување на опозицијата во Парламентот.

Второ, формирање на Парламентарен Комитет (или комисија), со широки овластувања кој ќе ги расчисти злоупотребите на системот за прислушување, како и содржината на прислушуваните разговори и ќе ја дефинира политичката одговорност на сите оние кои го кршат Уставот и Законот.

Трето, да се направат системски промени на политичкиот систем, посебно околу поставеноста и составот на Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители, изборот на судии и јавни обвинители, министер за внатрешни работи, комисијата за спречување на корупција и сл.

Системски промени се неопходни и за обезбедување ефективна контрола над извршната власт, посебна одговорноста на министрите, измена на изборните правила и финансирање на партиите и сл.

Четврто, да се подготват промени за поставеноста на медиумите посебно МТВ, нивното финансирање и сл.

Петто, да се донесе Закон за борба против институционалниот криминал, во кој ќе се предвиди конфискација на нелегално стекнатиот имот од страна на функционерите и забрана за политичко дејствување од најмалку десет години.

Системските промени треба да ги подготват работни групи од Собранието со вклучување во нив и  експерти, претставници од универзитетите, невладините и други граѓански организации и асоцијации и медиуми.

Воедно предлагаме да се подготви системско решение за формирање за транзициска (преодна) Влада со мандат од 6-12 месеци, која ќе подготвува и спроведува парламентарните избори, независно дали се предвремени или редовни.

ДС укажува дека креаторите на оваа криза мора да понесат одговорност и бара сите тие да се повлечат од функциите, за да се даде простор полесно да се надмине кризата и да се спроведе транспарентна и независна- продлабочена истрага против сите оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните.

partners partners partners partners partners partners