04.07.2013
ДС поддржува директни преговори со Грција

Демократскиот сојуз смета дека, предлогот на господинот Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија, за директни разговори со Република Грција е суштински и отвора можности за да се деблокираат евро- интеграциските процеси на Република Македонија.
Овој предлог создава услови за многу посериозно и поодговорно да се пристапи кон надминување на вековниот проблем наметнат од Република Грција, а сврзан со името на нашата држава.
Само со создавање на политичка клима и темелни подготовки можно е да се надминат недоразбирањата кои ги кочат евро- интеграциските процеи на нашата држава.
ДС смета дека доколку отпочнат вакви разговори, реално е да се очекува дека многу брзо ќе добиеме датум за започнување на пристапните преговори со ЕУ, како и покана за полноправно членство на НАТО.
Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да подржат суштински разговори со Грција и да преземат дел од одговорноста за разрешување на спорот со Грција.
За Демократскиот сојуз зачленувањето на Република Македонија во Европската Унија и НАТО е од врвен национален и државен интерес.