Демократски сојуз




ОПАСНОСТИ ОД ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ

Неподелени се оценките дека Република Македонија се криминализира, дека отсуствува политичка волја за ефикасна борба против криминалот, дека не функционира имунолошкиот систем на државата, а последица на сето тоа е целосната ерозија на институциите на државата.

Затоа е неопходен политички и граѓански консензус за “ВОЈНА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈАТА”.

Деструктивните дејства на организираниот криминал може да се согледаат насекаде - преку колапсот на стопанството, преку партизацијата на јавната администрација, преку сиромаштијата, преку огромната невработеност и преку огромните социјални разлики.

Со огромната распространетост на институционалниот криминал и корупцијата, ниту една реформа не може да се постави на системски основи, а уште помалку да се спроведува.

Во изминатите 15 години владејачките гарнитури не изградија јасен политички став и не презедоа ништо за да се изгради систем за спречување и искоренување на институционалниот организиран криминал и корупција. Напротив, Владата и власта во целина се генератори на криминализацијата на државата.

Организираниот криминал и корупцијата, во основа можат да се поделат на три вида:

  • Прв и најопасен е институционалниот организиран криминал, при што уставните, пред се’, законските решенија, го “легализираат” криминалот со кој се урива економската основа на државата. Тоа се изведува преку неправедната и криминална приватизација, преку продажба на фирми на наводни странски стратешки партнери, преку продажба на градежно земјиште, преку спогодби во четири очи, но и преку тендери за изведување градежни работи, набавка на опрема, системи за врски, возила и друго.

    Со криминалната приватизација нанесена е штета од над пет милијарди евра на Македонија.

    Со дискреционите министерски права за набавка на оружје, опрема, специјални возила, униформи или системи за врски за потребите на армијата и полицијата, во последните осум години украдени се повеќе од 80 милиони евра.Постои спрега меѓу криминалното бизнис - лоби и политичкиот естаблишмент, при што сопствениците на фирмите (а зад нив воопшто не заостануваат ни политичарите) на класичен криминален начин станаа богаташи на штета на граѓаните и на вкупниот економски развој на државата.

    Овој криминал во државата етаблира триесетина олигарси, кои преку влијанието во обликувањето на законски проекти и врз донесувањето важни политички одлуки исклучиво во интерес на компаниите кои десетина години имаат монополистичка положба, имаат целосна контрола врз капиталот, врз банкарскиот систем, врз економијата и врз државниот врв.

    Со овој вид организиран криминал, нанесени се и се’ уште се нанесуваат огромни штети на државата, а преку нив се парализира системот во целина. Посебно е опасно што се блокира стопанскиот развој и се создаваат огромни социјални разлики.

  • Вториот облик на организиран криминал и корупција е нарко-бизнисот, недозволената трговија со оружје, нафта, трговија со жени, шверц на акцизни стоки, особено на цигари и друго.

    Карактеристично за овој вид криминал е што во него задолжително се вклучени и лица од власта - цариници, припадници на полицијата, носители на високи и влијателни јавни функции и други.

    Овој облик на организиран криминал е тесно поврзан и со тероризмот на Балканот, со големиот број киднапирања, со ликвидација на видни политичари, бизнисмени, како и со пенетрирање во високи политички кругови заради остварување политичко влијание врз геостратешките поместувања на Балканот. Во неговите рамки, мошне често е присутен и меѓународниот, странски елемент.

    Македонија долго време беше само транзитна територија на дрогата, но последните години станува и консумент. Сите информации потврдуваат дека огромни количини на хашиш, хероин, а во последно време и кокаин, пристигнуваат во Македонија, голем дел се транспортира на Косово, каде што се препакува и се носи кон земјите членки на ЕУ. И покрај тоа, громни количества остануваат во Македонија, при што имаме континуирано зголемување на бројот на уживателите на опојни дроги.

    “Бизнисот” со нафта и нафтени деривати од 1993 година во основа бил под контрола на власта, при што само неколку фирми имале ексклузивно “право” да се занимаваат со овој бизнис, а една од нив стана многу влијателна во високите политички кругови. Проценките се дека фирми и поединци, преку шверцот со нафта инкасирале над една милијарда евра.

    “Бизнисот” со цигари започнува од 1992-93 година и се смета за еден од најпрофитабилните и најбезбедните бизниси. Во него се инволвирани министри, Царината и Полицијата. Проценка е дека со овој бизнис, во изминатите десетина години, во приватни џебови се инкасирани околу три милијарди евра. “Трговијата” со оружје е исто така мошне застапена и освен нелегалниот приход, големите количества оружје ја загрозуваат и безбедноста на државата и граѓаните. Трговијата со жени е присутна посебно во западниот дел на Македонија и, посебно последните пет до осум години, поприма загрижувачки размери.

  • Третиот вид криминал е широко распространетата корупција, во чиј рамки, граѓаните за да остварат некое право, мораат да платат. Овде, пред се’, се мисли на обезбедување дозволи за градба, на судска разрешница за некој предмет, на здравствена услуга, на контигенти за увоз на стока, на даночно олеснување итн.

    Со овој вид криминал се потврдува високиот степен на криминализацијата и ниското ниво на основните вредности во државата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners