Драгана Кипријановска од ДС назначена за заменик-министер за надворешни работи

За заменик-министер во Министерството за надворешни работи е назначена Драгана Кипријановска од редовите на Демократскиот сојуз.
Кипријановска е дипломиран правник, магистер на правни науки и докторант на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј - Скопје“.
Има богато професионално искуство во научно-образовната дејност.
Целосната биографија на Драгана Кипријановска можете да ја погледнете на овој линк.