16.12.2015
ДС ќе одржи трибина во Битола

На 17.12.2015 година (четврток), Демократски сојуз ќе одржи трибина во Битола на тема „Платформа за обединување и вистински реформи“, во „Дом на културата“ (мала сала), со почеток во 18:00 часот.
На трибината ќе зборува Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз. Граѓаните ќе можат да коментираат, да даваат сугестии и да прашуваат.
Пред почетокот на трибината, Трајанов ќе даде изјава за медиумите.