12.02.2016
ДС ќе одржи трибина во Кочани

На 13.02.2016 година (сабота), Демократски сојуз ќе одржи трибина во Кочани на тема „ Промени, Правда, Прогрес“, во „Мултикултурен центар“ –Кочани, со почеток во 13:00 часот.
На трибината ќе зборува Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз. Граѓаните ќе можат да коментираат, да даваат сугестии и да прашуваат.
Пред почетокот на трибината, Трајанов ќе даде изјава за медиумите.