28.10.2016
Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Средба со граѓаните на општина Аеродром

На 29.10.2016 година (сабота), Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), ќе ја посетат општината Аеродром, каде ќе остварат средба со граѓаните.
На средбата ќе разговараат за актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
По средбата, во 13:00 часот на платото на Трговскиот Центар- Бисер, претседателите на партиите ќе дадат изјава за медиумите.