17.02.2017
Нова канцеларија на ДС за Струмичани

Утре, 18.02.2017 година (сабота), во 13:00 часот, Демократскиот Сојуз, ќе отвори канцеларија на општинската организација на Демократскиот сојуз во Струмица.
На отворањето на канцеларијата ќе присуствуваат членови и симпатизери на Демократски сојуз.
По отворањето, Павле Трајанов и Стојан Лазаров, ново - избраниот претседател на општинската организација на ДС - Струмица ќе дадат изјава за медиумите.
Канцеларијата се наоѓа на ул. “Ленинова” бр.14, Струмица (во близина на Советот на Општина Струмица).