28.02.2014
Ново зајакнување на ДС во Југоисточна Македонија: Се отвора штаб во Гевгелија

Денес, 28.02.2014 година во 17,00 часот, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе се обрати пред старото и новото членство во Гевгелија и ќе го озваничи отворањето на новиот штаб на оваа Општинска организација на ДС.
Со низа активности Демократскиот сојуз продолжува со мобилизација и организација на своето членство, како и со афирмација на својот концепт на партија со демократска платформа за општествени и економски промени и со отворени врати за сите што сакаат политичко ангажирање.
Новиот штаб на Демократски сојуз се наоѓа на ул. Железничка бб. веднаш до Железничката станица во Гевгелија.