29.09.2015
ОО на Демократски сојуз - Сопиште ќе одржи седница

Утре, 30.09.2015 година (среда), Општинската организација на Демократски сојуз на Сопиште ќе одржи седница.
На седницата ќе присуствува и Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој пред присутните ќе се обрати за актуелните политички состојби во Република Македонија.
Седницата ќе се одржи во штабот на Демократски сојуз во Сопиште, на ул.3 бр.6, спроти општинската зграда, со почеток во 18:30 часот.