10.09.2015
ОО на ДС-Аеродром ќе одржи Изборно собрание

Денес, 10.09.2015 година (четврток), Општинската организација на Демократски сојуз на Аеродром ќе одржи Изборно собрание.
На седницата ќе присуствува и Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој пред присутните ќе се обрати за актуелните политички состојби во Република Македонија.
Изборното собрание ќе се одржи во седиштето на Демократски сојуз, на ул. „Стале Попов“ бр.9 лок.4, Скопје, со почеток во 19:00 часот.