07.07.2015
ОО на ДС-Берово ќе добие ново раководство

Денес, 07.07.2015 година (вторник), Општинската организација на Демократски сојуз на Берово ќе одржи Изборно собрание и ќе отвори нова канцеларија.
На седницата ќе присуствува и Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој пред присутните ќе се обрати за актуелните политички состојби во Република Македонија.
Изборното собрание ќе се одржи во 19:30 часот, во Салата на Општина Берово.