Пратеникот Павле Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на Прилеп

26.11.2015

Пратеникот Павле Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на Прилеп

Утре, 27.11.2015 (петок), пратеникот Павле Трајанов, ќе оствари средба со граѓаните на општина Прилеп. Средбите и разговорите ќе се одвиваат во советот на старата Општина Прилеп со почеток во 17:00 часот.

Трајанов на средбата ќе ги информира граѓаните за актуелната политичка состојба, како и за законодавната активност на Собранието на Република Македонија.

На средбата граѓаните ќе можат да поставуваат прашања, да разговараат за локалните проблеми и предлагаат конкретни решенија.

partners partners partners partners partners partners